Јавното комунално претпријатие „Комунална хигиена“ од Македонски Брод, во координација со Општината и градоначалникот Жарко Ристески, пристапи кон расчистување на една од депониите што се наоѓаше пред влезот на градските гробишта и која го нагрдуваше изгледот на просторот.
Градоначалникот Ристески е задоволен што конечно е расчистена оваа депонија, апелирајќи до граѓаните да не фрлаат неконтролирано отпад на оваа локација.
– Убаво е кога ќе се забележи дека повеќе го нема ѓубрето пред градските гробишта и затоа се замолуваат граѓаните кои живеат во околината на оваа локација, во иднина да не истураат отпад на ова место, за повторно да не создава нова депонија која го нагрдува изгледот и вкупниот амбиент во близина на градските гробишта, порача Ристески.