Здравствените работници во Калифорнија мора да бидат ревакцинирани против коронавирусот до 1 февруари, бидејќи во спротивно ќе останат без работа, изјави гувернерот Гевин Њусом.

Њусом на прес-конференција во клиника во Окленд даде повеќе детали за задолжителната ревакцинација. Инаку, новото правило го објави во вторник попладне.

Калифорнија беше првата држава која ги обврза здравствените работници да се вакцинираат. Таа обврска стапи на сила во септември. Поради тоа, илјадници луѓе останаа без работа или беа суспендирани.

Калифорнија сега е втората држава по Њу Мексико што наметна засилена доза за медицинските лица.