Четири лица се повредени во пожар што избувна по несреќата во рафинеријата Ексонмобил во близина на Хјустон во американската сојузна држава Тексас.
Окружниот шериф Ед Гонзалес напиша на Твитер дека дошло до „голема индустриска несреќа“ во фабриката што го предизвикала пожарот.
Како што наведе тој, според прелиминарните извештаи, имало „некаков вид на експлозија“ во фабриката, пренесува Си Би Ес Њуз.