Францускиот претседател Емануел Макрон и италијанскиот премиер Марио Драги во четвртокот ја повикаа ЕУ да ги реформира своите фискални правила со цел да се овозможи поголема инвестициска потрошувачка, притоа признавајќи ја неопходноста од намалување на долговите.
– Како што не може да се дозволи правилата да застанат на патот на нашиот одговор на пандемијата, така тие не треба да не спречат да ги направиме сите неопходни инвестиции, напишаа Макрон и Драги во заедничката колумна објавена во Фајненшл тајмс.
Но, тие исто така повикаа на поголема флексибилност за клучните трошоци.
– Треба да имаме повеќе простор за маневрирање и доволно клучни трошоци за иднината и да го обезбедиме нашиот суверенитет, истакнува Макрон и Драги.