Претседателот на Бизнис конфедерацијата Миле Бошков денеска беше во посета на општина Македонски Брод каде оствари подолга средба со градоначалникот Жарко Ристески.
На средбата беа разгледани сите прашања поврзани со бизнис секторот во општината и можноста за негов понатамошен развој и активна соработка помеѓу општина Македонски Брод и Бизнис конфедерацијата.
-На денешната средба со Бошков, беше разговарано за активна соработка на општина Македонски Брод и Бизнис конфедерацијата, во насока и развој на бизнис секторот во општината, преку концептот за одговорно водење бизнис, поттикнување на одржливост на економијата и долгорочен развој на микро, мали, средни и големи претпријатија, кои треба да бидат генератор на економскиот развој на општината, нагласи градоначалникот Жарко Ристески.