По извршената регулација на одводните канали во атарот на село Мородвис, продолжуваме со регулација и санирање на речно корито на река Зрновка кое што беше оштетено после поројните дождови и притоа поплавени земјоделски површини, информираше Градоначалникот на Зрновце Борчо Коцев.
- Во соработка со Водостопанство Брегалница-Кочани со обезбедени средства за нафта од Општина Зрновци се решава овој проблем на огромен број земјоделци, како и превентивна заштита од идни поплави во текот на зимниот и пролетниот период кој што следи.
Продолжуваме посветено и одговорно, проблемите единствено се решаваат со работа и разбирање, за доброто на сите жители на Општина Зрновци!, додава Коцев