На јубилејната дваесетта по ред акција за крводарување што ја организираше фондацијата „Аполонија“ во соработка со службата за трансфузија при Општата болница од Гевгелија и општинската организација на Црвениот крст, беа собрани 45 единици крв.

Оваа хуманитарна крводарителска акција, фондацијата „Аполонија“, под мотото „Аполонија“ – ден на крводарување почна да ја организира од 2010 година и досега се одржува по два пати годишно.

-Во рамки на своите определби за континуирано подржување и помагање на активностите,што се дел од целокупното живеење на нашата локална и поширока заедница,фондацијата Аполонија се вклучи во остварувањето на крводарувањето како едно од најблагодарните човекови дејствувања.Секоја наредна акција ни е поуспешна од претходната и токму тоа ни дава право да останеме при определбата Гевгелија да биде хуман град, изјави Аце Ристовски,директор на фондацијата Аполонија.