Општина Новаци реализира еко-акција, пошумување со багреми во месноста Преслап, што се наоѓа во атарот на селото Маково.
– Засадивме багреми донација од „Македонски шуми“. Голема благодарност до ова општествено одговорно претпријатие што ја поддржа иницијативата и се вклучи во акцијата за почист воздух и заштита на животната средина, соопштија од Општина Новаци.
Од секторот за односи со јавност на Општина Новаци информираат дека во акцијата учествувале претставници од администрацијата и Советот во Општина Новаци, ученици од ЦОУ, „Славко Лумбарковски“, вработени од комуналното претпријатие „Комунална Хигиена“ и доброволци.