На кејот на реката Пена во Тетово денеска беше поставено уметничкото дело „Предизвик и триумф“ кое ја симболизира борбата против пандемијата со Ковид-19. Скулптурата од рециклирани материјали е направена од Арта Рушити Фетаху и Авни Демири, а преставува дел од годишната работа на Националната установа „Уметничка Галерија Тетово“.
-Ова е иновативен проект за нас кои побудивме интерес и кај љубителите на уметноста и кај уметниците од областа на скулптурата со давање можности за учество и обелоденување на идеи за реализација на скулптура која според проектот беше наменета да биде изградена од еколошки материјали што може да се рециклираат. Оваа скулптура јасно ја отсликува војната и постепеното уништување на вирусот, надежта на сите во овие пандемични времиња. Како и сите кои во овој исклучително тежок период најдоа начин да го истакнат најдоброто од себе и професијата што ја практикуваат, така и уметниците ширум светот преку својата уметност ја отсликуваа актуелната горчлива реалност секогаш со идеја и надеж за иднина во нормални услови, информираат од Уметничката Галерија.
Уметничката инсталација е изработена во соработка со Министерството за култура како и со дозвола на општина Тетово за наменскиот простор.ас/вј/