Московскиот суд го казни Гугл со парична казна без преседан поради неуспехот да отстрани нелегална содржина, во момент кога руските власти го зајакнуваат притисокот врз странските технолошки гиганти.
Американската компанија е казнета со 7,2 милијарди рубљи (98 милиони долари), соопшти прес-службата на судот.
Русија неодамна воведе казни за најголемите технолошки компании во светот, обвинувајќи ги дека не ја модерираат правилно нивната содржина и се мешаат во работите на земјата. Сепак, казните што ги добија Мета (Фејсбук), Твитер, Гугл и други странски технолошки гиганти, изнесуваат десетици милиони рубљи, а не милијарди.
Паричната казна е пресметана како процент од годишниот приход на Гугл.
Мета, кој подоцна денеска ќе биде сослушана пред судот за истите обвиненија, се соочува и со парична казна по основ на приходи.