Во Делчево продолжува реализацијата на проектот за поврзување локални патишта, во чии рамки се асфалтира улицата „Орце Николов” во Делчево.

-Се работи за проект кој Министерството за транспорт и врски го реализира со финансиска поддршка на Светска банка, со што како Општина одговараме на приоритетите на сите жители на Делчево. Како никогаш претходно, Делчево доби околу 800.000 евра неповратни средства наменети за решавање инфраструктурни проблеми и средства кои носат развој, подобар квалитет на животот и подобрување на состојбата со патната инфратсруктура, информираа од Општината.

Паралелно како што додадоа интензивно се работи и на изградба на патот Делчево-Тработивиште.

-Се работи за пат во должина од 5,3 км со што се добива уште една сообраќајница која овозможува полесен пристап до селата Тработивиште и Разловци, додадоа од Општина Делчево.

Изградбата на новата сообраќајница, според градоначалникот Горан Трајковски ќе значи уште една патна алтернатива за овие две села во Делчево.