Во овие празнични моменти и во духот на дарувањето Центарот за Социјални Иницијативи „Надеж“ кој работи со деца од ранлива категорија, има помогнато на над 6900 дечиња и чија мисија е овозможување на еднаков пристап до квалитетно образование повикува на една несекојдневна хумана акција.

Од 21.12.2021 година до 21.01.2022 година на 4 локации во книжарниците „Тримакс“ ќе имате можност да донирате креативни и едукативни пакетчиња за дечињата од Едукативниот Центар „Надеж“. Ајде да се вклучиме и да придонесеме за новогодишната радост и образованието на овие деца. Локациите на книжарниците за донации се следните:

КНИЖАРНИЦА бр.3: ул. Христо Татарчев 47/3 – Кисела Вода тел: +389(0)2/2779-644 КНИЖАРНИЦА бр.5: бул. Видое Смилевски Бато бр. 2А/2-2 -Ново Лисиче тел: +389(0)2/5511-830 КНИЖАРНИЦА бр.6: ул. Франклин Рузвелт бр. 4, Капиштец тел. +389(0)2/5511-630 КНИЖАРНИЦА бр.7: бул. Партизански одреди бр. 88, М3-33 Карпош 4 тел. +389(0)2/5517-445

Повеќе за работата на Центарот за Социјални Иницијативи „Надеж“ може да видите на нивната веб страна www.csinadez.mk или на нивниот Facebook https://www.facebook.com/C.S.I.Nadez