Во тек е чистење на наносите од дрва на мостот кај Башино село, иформираше Градоначалникот на Велес, Марко Колев.
- Преку програмата за уредување на градежно земјиште се врши чистење на мостот во близина на Башино село.
Ова е редовна активност која е неопходна, за да се зачува стабилноста на објектот кој поврзува многу важна сообраќајница во непосредна близина на Велес.
Голема благодарност до ЗГ „Македонски спасител“, ТППЕ Велес, СВР Велес и оперативната фирма „Делта Пром“, додаде Колев.