Либиското Министерство за внатрешни работи соопшти дека вчера на западниот брег на Либија пронајдени се безживотни тела на 14 мигранти. Меѓу жртвите е и едно бебе.

Се претпоставува дека другите мигранти исчезнале во морето.

Либија е главна транзитна точка на мигрантите од Африка, кои преку Медитеранот се обидуваат да пристигнат во Европа. Годинава е зголемен бројот на луѓе кои се обиделе да го поминат Средоземно Море, од кои околу 1.500 се удавиле.

Медитеранот е најсмртоносната мигрантска рута во светот, а во 2014 година регистрирани се над 17.000 загинати и исчезнати луѓе.