Претседателот на Сомалија, Мохамед Абдулахи Мохамед денеска објави дека привремено го менува премиерот Мохамед Хусеин Робле, еден ден откако двајцата се скараа за долго одложуваните избори во Африканскиот рог.
„Претседателот одлучи привремено да го смени премиерот Мохамед Хусеин Робле и да ги прекине неговите овластувања поради вмешаност во коруптивни зделки”, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот во кое го обвинуваат премиерот за мешање во истрага за присвојување земјиште.