Во изминатите 24 часа во Турција се регистрирани уште 20.138 случаи на коронавирус и 173 починати лица.
Повеќе од 128,66 милиони дози вакцина против Ковид-19 се дадени во рамките на кампањата за масовна вакцинација која во Турција почна на 14 јануари, соопшти доцна синоќа Министерството за здравство.
Според Министерството, повеќе од 56,8 милиони луѓе примиле прва доза вакцина, а 5,4 милиони граѓани целосно се имунизирани.