ЈПКД „Комуналец“ Струмица изврши генерално чистење на улиците низ Струмица, а истовремено посебна екипа почна со чистење и дезинфекција со посипување на талк на просторот околу контејнерите низ градот.
Како што информираат оттаму, продолжи и есенското кроење на дрворедите на улиците „Маршал Тито“ и „Сандо Масев“.
Од комуналното претпријатие апелираат до граѓаните отпадот од домаќинствата да го фрлат исклучиво во контејнерите, а за секаков друг вид отпад да се јават на 13-110 и во договор со службите отпадот ќе биде подигнат во најскоро можно време.