Општина Демир Хисар изврши санација на покривот и прочистување на хоризонталните олуци на спортската сала „Јордан Пиперката“.
Иницијативата за решавање на повеќегодишниот проблем со протекување и оштетување на салата е на градоначалникот Никола Најдовски.
-Демир Хисар е град со голема спортска традиција, а спортската сала е објект каде спортуваат многу таленти и затоа беше потребно да се санира објектот за да продолжи непречено спортување и рекреација. Спортската сала е опремена со спортски реквизити за натпревари во ракомет, мал фудбал, кошарка, одбојка, пинг-понг и други спортови, како и со спортски реквизити за рекреативна гимнастика кои по завршената реконструкција повторно ќе бидат во функција, информираа од Општина Демир Хисар.
Спортската сала „Јорда Пиперката“ е во употреба од 2010 година и има трибина со капацитет од 500 гледачи.