Со средства од општинскиот буџет, се подобрува патната инфраструктура во Делечво. Како што информираа од Општината, средствата од 9 милиони денари се наменети за асфалтирање улици во делчевската населба Стрелиште.
-Во моментот се асфалтираат улици во населба Стрелиште. Првпат асфалт добија трите крака од улицата „Голем рид“ во населбата Стрелиште во Делчево со што се одговори на барањата и потребите на жителите од оваа населба кои со децении газеа кал и дишеа прашина, информираа од Општината.
Асфалтирањето на трите крака во оваа населба, како што додадоа, се со вкупна должина од околу 250 метри.
-Инвестицијата за изградба на оваа улица е во рамките на пакетот инфраструктурни проекти за изградба на улици во Делчево и селските средини, додадоа од Општината.
Подобрување на патната инфраструктура и во други делови на градот од Општината најавија и за наредниот период.