Во вторник и среда на градскиот плоштад во Кичево покрај „Божиќната пештера“ ќе биде поставен „Црвениот тепих на хуманоста“, каде треба да се оставаат подароци од дарежливи граѓани.

Тие ќе можат да донираат нерасиплива храна, во вторник и среда во периодот од 11 до 18 часот.

– Божиќната радост, љубов, топлина и добрина во целиот претпразничен период и за време на Бадник и Божик ќе ги шириме во вид на грижа за нашите сограѓани кои се погодени од кризата и имаат егзистенцијални проблеми. Со црвениот тепих симболично ќе ја истакнеме потребата за помош на ближните како наша најголема христијанска должност, а наши херои на црвениот тепих ќе бидат сите хумани граѓани, компании, организации и здруженија кои ќе донираат храна за своите посиромашни сограѓани, истакна Бошко Сарафилоски од Здружението „Бадникови поворки“.

На градскиот плоштад ќе бидат присутни претставници од Здружението„ Бадникови поворки“ кои ќе ги примаат донациите од граѓаните во двата дена.