Денес потпишавме два многу значајни договори, информираше градоначалникот на Свети Николе на социјалните мрежи.
- Првиот е договорот со МТСП и изведувачот Бауер ДОО Скопје, за отпочнување на изградбата на детската градинка во с. Ерџелија за време од 14 месеци, и вториот со Вардарскиот плански регион за изградба на пат од с. Кнежје до с.Ѓузумелци, општина Лозово, како и набавка на ново противпожарно возило за потребите на ТППЕ Свети Николе кои ќе се реализираат 2022 год, истакна Владев.