Локалните власти на сицилијанското село Агриџенто предупредија дека рекордни 35.000 мигранти дошле на островот Лампедуза во 2021 година, во споредба со речиси 20.000 во 2020 година.
Од ова село, кое се наоѓа на оддалеченост од 220 километри по море од Лампедуза, предупредија дека овој мал италијански остров ја достигнал границата кога станува збор за сместување на мигрантите, пренесе агенцијата АНСА.
Локалниот претставник на Агриџенто, Марија Рита Чочиуфа, повтори дека бројот на луѓе кои пристигнале на островот и биле позитивни досега бил „прилично мал“.
Пристигнувањата, сепак, продолжуваат и покрај студеното време, а мигрантите пристигнуваат во областите во Сардинија и Шпанија