Општина Делчево во пресрет на новогодишните празници ја реализира традиционалната хуманитарна акција. За таа цел, како што информираа денеска, беа доделени 60-тина пакети со прехранбени производи на семејства кои живеат во социјален ризик.
-Хуманитарната акција традиционално се реализира со компанијата „Зегин“, се со цел да им се излезе во пресрет на семејствата да имаат побогата новогодишна трпеза, истакнаа од Општината.
Со оваа хуманитарна акција, како што додадоа, уште еднаш се покажа на дело општествената одговорност на компанијата.
-Со нивната поддршка перманентно во текот на годината се делат пакети со храна на семејства на кои оваа помош им е добредојдена, истакнаа од Општината.
Годинава хуманитарната мисија на компанијата „Зегин“ и Општина Делчево се дел од големата хуманитарна акција на Советот на млади на Општина Делчево „Новогодишна трпеза за сите“.