На вчерашната седница на Советот на општина Виница беа донесени Буџетот и Програмата за уредување на градежно земјиште, улици и патишта за 2022 година.

Буџетот на општина Виница за 2022 година е планиран на износ од 314.700.000 денари од кои 105.600.000 денари или 33,55% се однесуваат на основниот буџет, додека пак капиталните расходи се планирани во вкупен износ од 39.205.000 денари.

Со буџетот и програмата за 2022 година се предвидуваат финансиски средства за:

Изградба и реконструкција на улици во Виница и населените места.

Основни проекти, екпропријација на земјиште и урбанистички планови.

Затворениот градски пазар.

Изградба и реконструкција на водоводни линии и фекална и атмосферска канализација, како и комунално уредување преку ЈП Солидарност.

Трансфери до спортските клубови, невладини организации и здруженија на граѓани.