Стопанската комора на Македонија денеска ќе презентира анкета за странски директни инвестиции, како и резултати од работењето за оваа година на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство.
Информацијата на прес-конференција ќе ги претстават претседателот и потпретседателот на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство, Виктор Мизо и Боријан Борозанов.