Во Домот на култура во Македонска Каменица денеска ќе се одигра детската театарска претстава „Новогодишна авантура“. За таа цел како што информираа организаторите предвидени се две претстави.

-Во соработка на Културно-информативниот центар „Романса“ и деветолетката „Св. Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица, денес, среда (29 декември 2021) за учениците од прво до петто одделение, ќе бидат реализирани две изведби на театарската претстава со почеток од 12:00 часот, односно 13:00 часот, информираа од каменичкиот дом на култура.

Театарската претстава е во изведба на театарот „Златен Елец” кој ќе ја претстави приказната за малата Лена и одличната авантура со Дедо Мраз и помошниците Влечко и Сречко.

-Во рамки на овој проект, освен претставата за најмладата публика, во вечерните часови пред повозрасните каменичани ќе биде прикажан и настанот „ONE WOMEN COMEDY SHOW“ во изведба на Надица Петрова, додадоа организаторите.

Овој настан, каменичани ќе можат да го проследат со почеток од 19:00 часот.