Градоначалникот на Општина Могила, Драганчо Саботковски е избран за претседател на Советот за социјална заштита, тело во рамки на Пелагонискиот плански регион.

Во Советот за социјална заштита во Пелагонискиот плански регион, членуваат градоначалниците од Пелагонискиот регион и директорите на центрите за социјална работа од Битола, Демир Хисар, Крушево, Прилеп и Ресен.

Советот за развој на Пелагонискиот плански регион на седница го усвои годишниот финансиски план на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион за 2022 година, како и акцискиот план за реализација на Програмата за развој на Пелагонискиот плански регион 2021-2026 година.

Советот за социјална заштита е основан за планирање и развој на мрежата на социјални услуги на регионот, следи и обезбедува координација на активностите на единиците на локалната самоуправа, државните институции, здруженијата на граѓани, приватните даватели на социјални услуги кои дејствуваат во областа на социјалната заштита во планскиот регион, како и други работи поврзани со социјалната заштита во планскиот регион.