Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска телефонски разговараше со полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау, при што ги истакнал „силните заложби" за трансатлантска безбедност како камен темелник на регионалната безбедност и проспертитет, јавија од Стејт департментот.

Блинкен повторно ја истакнал силната поддршка на САД за безбедноста на Полска во време кога таа се справува со бeлоруската злоупотреба на ранливи мигранти.

-Државниот секретар и министерот повторно ја истакнаа силната заложба на САД за независнота, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, а во лице на руската агресија. Секретарот го брифираше министерот за надворешни работи за американските напори да се разреши конфликтот во источна Украина по дипломатски пат, изјави портпаролот Нед Прајс.

Според него, Блинкен изразил одобрување за ветото на претседателот Анджеј Дуда во однос на законот за медиско сопствеништво во Полска.

-Истакна дека тоа го рефлектира виталниот удел во заштита на слободата на изразување, светоста на договорите и споделените вредности кои се основа на нашите односи, изјави Прајс.