Регионалниот центар за гранични работи – Запад, како резултат на добрата подготвеност, преземените мерки и активности, бележи значајни резултати во 2021 година. При извршување на задачите посебно внимание било посветено во откривање и спречување на преку граничниот криминал и илегалната миграција.

Портпаролот на Регионалниот центар за гранични работи – Запад, Мерлина П.Ислами информира дека се запленети 273 килограми марихуана, како и поголема количина акцизна стока и друга разновидна стока која била предмет на нелегална трговија.

– При контрола на патниците согласно препораките на Владата беа издадени вкупно 1 572 изјави и наредби на лица за самоизолација, откриени се 24 сторители кои приложиле 20 фалсификувани ПЦР тестови, како и четири фалсификувани сертификати за извршена вакцинација, изјави Мерлина П.Ислами.

Во делот на миграцијата при илегално преминување, потенцира таа, откриени се и спречени 128 лица, најголемиот број албански државјани, додека 26 лица се мигранти од Индија,Сирија,Пакистан и Мароко.

– За сите контстирани нелегални активности, Регионалниот центар за гранични работи-Запад превзема соодветни законски мерки, додава Ислами.