Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека огромно мнозинство од пациентите во единиците за интензивна нега со Ковид-19 не примиле засилувачка доза на вакцината и апелираше до жителите да се вакцинираат.

Џонсон за време на посетата на центарот за вакцинација рече дека лекари му кажале дека до 90 отсто од пациентите во одделенијата за интензивна нега се невакцинирани или нецелосно вакцинирани.

– Жал ми е што морам да го кажам ова, но огромното мнозинство луѓе кои моментално завршуваат на интензивна нега во нашите болници се луѓе кои не примиле засилувачка доза вакцина, рече тој.

Рекордни 129.471 случаи на коромавирус беа пријавени вчера во Велика Британија, кои главно се должат на позаразната варијанта-омикрон.