Опремен нов кабинет по природни науки во пехчевското училиште „Ванчо Китанов“.Кабинетот како што информираше директорката на училиштето Добрила Јовевска се обезбедени од Министерството за образование и наука и истиот е опремен со нови нагледни средства и инвентарот, специјално дизајниран за лабораторија и за полесно совладување на содржините по предметот Природни науки.

-Се работи за специјално дизајниран инвентар наменет за лабораторија по Природни науки, што ќе допринесе за поквалитетно и непречено изведување на наставата по овој предмет, за изведување на експерименти и подготовка на проекти, рече Јовевска.

За градоначалникот Александар Китански, преку оваа инвестиција кај учениците ќе се развива свесноста за важноста на животната средни и љубовта кон природните науки, а и ќе се едуцираат за воздухот, почвата и растенијата..

-Нашите ученици отсега полесно и побрзо ќе ја развиваат свесноста за важноста на животната средина и љубовта кон природните науки. Грижата за животната средина треба да се учи во образованието, затоа што така најдобро се поттикнуваат цели генерации на одговорност кон животната средина и нејзината заштита, рече Китански.

Донацијата од Министерство за образование и наука како што дополнија од училиштето е дел од Владината поддршка за унапредување на образовниот процес во основното образование, преку изучувањето на природните науки.