Во Франција во изминатите 24 часа се потврдени 208.000 случаи на инфекција со Ковид-19, што е национален и европски рекорд, изјави денеска францускиот министер за здравство Оливие Веран пред француските пратеници, јави дописникот на МИА. Веран додаде дека во просек на секоја секунда двајца Французи се позитивни на Ковид-19.
– Состојбата во болниците е загрижувачка поради сојот Делта, рече тој, додека удар на Омикрон допрва се очекува.
-Грипот дополнително ќе ја усложни ситуацијата во болниците, додаде тој.
Еден ден претходно, Франција забележа речиси 180.000 случаи на инфекција со Ковид-19, што беше рекорд за една земја во Европа.