Се реактивираше работата на Економскиот совет на Прилеп. Во просториите на прилепската локална самоуправа денеска на конститутивна седница се собраа стопанствениците со градските власти.

Прилепскиот градоначалник Борче Ристески најави формирање работно тело и смета дека советот ќе биде симбиоза на стопанството, локалната власт, на секторите и граѓанските здруженија за да се решаваат проблемите и да се обезбеди економски развој.

-Ќе се формира работно тело на советот во кој ќе има постојани и непостојани членови, дел од бизнис секторот на Прилеп, од Стопанската и Занаетчиската комора, од јавните претпријатија, локалната самоуправа, јавниот сектор, од невладините и здруженијата на граѓани како и професионалци од областа на културата, образованието, здравството. Економскиот совет со сигурност ќе претставува еден вид на симбиоза на нашето стопанство, со општината, јавниот сектор, чаршијата и здруженијата на граѓани. Целта е да се решаваат проблемите и да се разменуваат идеи за побрз економски развој на општината, изјави Јовчески.