Русија и Белорусија планираат да одржат заеднички воени вежби во февруари или март 2022 година, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин по средбата со белорускиот лидер Александар Лукашенко.

Лукашенко побара од Путин да не ја прекинува соработката во воениот и воено-индустрискиот сектор.

Планираните вежби на белоруска територија доаѓаат во време на тензии Исток-Запад, јавија британски медиуми. Москва го повикува НАТО да вети дека нема да ја прифати Украина во пактот, која се граничи со Русија и Белорусија. Украина вели дека Русија се подготвува да изврши инвазија на нејзина територија, додека Москва негира.