Градежните работи за бетонирање на дел од улиците „Андон Шурков“ во близина на ССОУ „Коле Неделковски“ во Велес и улицата „Јован Басаров“ во приградската населба Превалец, се завршени.

Како што информираат од Општина Велес, бетонирањето на улицата „Андон Шурков“ е во вредност од 880 илјади денари, додека за улицата „Јован Басаров“ во должина од 350 метри се потрошени 1 милион и 273 илјади денари.

Двете улици се бетонирани со финансиски средства од буџетот на Општина Велес преку Програмата за уредување на градежно земјиште.