Полицијата претходно изврши упад во објектот на медиумот и задржа повеќе лица, а работата на редакцијата е запрена.
Државноит секретар на САД, Ентони Блинкен, ги повика властите на Кина и локалните власти во Хонгконг веднаш да ги ослободат задржаните вработени во новостниот портал „Стенд њуз", еден од најпопуларните продемократски медиуми таму.
Полицијата претходно изврши упад во објектот на медиумот и задржа повеќе лица, а работата на редакцијата е запрена.
Во изјавата на Блинкен од синоќа се вели дека САД повикуваат да се запре со атаците на „слободните и демократски медиуми" во Хонгконг и „итно ослободување на неправедно задржаните новинари и медиа менаџери".
Државниот секретар истакна дека „со тоа што ги тера независните медими да замолчат, Кина и локалните власти ја поткопуваат репутацијата и животната виталност на Хонгконг".
Сајтот „Стенд њуз" е основан во 2014 година како невладина организација и годинава стана најпопуларен продемократски медиумски ресурс во Хонгконг, според некои американски медиуми.