Европа се соочува со најлошата епидемија на птичји грип досега, сooпшти истражувачки институт на германската влада.
„Во моментов се соочуваме со најсилната епидемија на птичји грип досега во Германија и Европа“, соопшти Институтот Фридрих Лофлер (ФЛИ), германски федерален истражувачки институт за здравје на животните.
Секојдневно се откриваат нови случаи и не се зафатени само дивите птици, велат од Институтот.
„Не се гледа крај – погодените земји се протегаат од Финска до Фарските Острови и Ирска, од Русија до Португалија“, велат од Институтот.
Случаи се регистрирани и во Канада, Индија и Источна Азија.
Само во Германија, 394 случаи биле откриени кај диви птици помеѓу почетокот на октомври и 29 декември. Случаите беа откриени првенствено долж брегот.
ФЛИ, исто така, забележа 46 случаи на германски живинарски фарми. Во истата временска рамка низ Европа, податоците на ФЛИ покажаа 675 инфекции кај дивите птици и 534 инфекции кај добиток. Дополнителни случаи се пријавени оваа година, на пример, кај црвените лисици во Холандија и Финска, фоки во Шведска, во Германија и видри во Финска.