Денес потпишавме Договор за грант со Светска банка и Министерството за финансии во износ од 5 677 403 денари за изградба на Водовод во село Орел.
Тендерската документација е спремна и во најбрз рок ќе започне реализацијата на овој проект со кој ќе се реши долгогодишниот проблем со водоснабдувањето за жителите на село Орел.