Десетици илјади луѓе на божиќното утро имаа изненадување од банката Сантандер, која по грешка уплатила вкупно 155 милиони евра на 75.000 сметки.

Вработените во Сантандер сега брзаат да ги вратат парите, а оваа задача е тешка бидејќи голем дел од нив е уплатен на сметки во други банки, јавува денеска Би-Би-Си.

Грешката настанала кога уплатите од 2000 деловни сметки биле извршени двапати.

Банката нагласи дека веќе започнала разговори со други банки – Barclays, HSBC, NatWest, Co-operative Bank и Virgin Money.

Сантандер информира дека банките „ќе гледаат да ги вратат парите од сметките на нивните клиенти“.

Сепак, не е јасно како ќе постапат банките во случај нивните клиенти веќе да ги потрошиле парите, бидејќи враќањето на средствата може да доведе до пречекорување на сметките.

Сантандер навести дека е можно директно да контактира со луѓето за да ги вратат парите, пишува Би-Би-Си