Општина Јегуновце и организацијата Младинска Алијанса- Тетово започнаа соработка во рамки на националната мрежа „Храна за сите – Банка за Храна Македонија“. Мисијата на мрежата е собирање на вишоците храна од економските оператори, институции, помош и дистрибуција до социјално загрозените граѓани

– На моја иницијатива и огромно задоволство го потпишав Меморандумот за соработка и заеднички активности со националната мрежа „Храна за сите – Банка за Храна Македонија“. Особено сум горд како градоначалник на општина Јегуновце, што како локална самоуправа сме една од ретките институциите во Македонија што ја препознаа работата на „Банка за храна Македонија“, изјави градоначалникот Димитар Костадиноски.

Двете страни се обврзаа на заложбите на мрежата за намалување на сиромаштијата и помош на социјално загрозените семејства.

– Општината обезбедува магацински простор, возило и трошоци за транспорт на храната.  Невладините организаци обезбедува волонтери кои ќе работат и организираат прием, препакување на храна, селекција на корисници и дистрибуција до корисници. Младинска алијанса заедно со Банка за храна Македонија веќе подолго време делува во полошкиот плански регион и секоја општина која ќе има интерес е добредојдена да соработува со нас на ова поле, изјави Небојша Захариески од Младинска Алијанса.

Зедничките акции за помош на ранливите категории на граѓани од општина Јегуновце, се договорени и ќе започнат по новогодишните празници.