Советот на Општина Новаци го утврди и усвои буџетот на Општина Новаци за 2022 година во износ од 2,6 милиони евра.
Во буџетот се вклучени основниот буџет, буџетот на самофинансирачки активности, буџетот на донации, буџетот на дотации и други содржини.
-Вкупните буџетски средства со кои ќе располага општината во наредната година се 162 милиони денари од нив за капитални расходи планирани се 56 милиони денари од кои добар дел се наменети за отплата на стари долгови, а ќе направиме се што е во наша моќ да имаме добри развојни проекти за жителите на нашата општина, истакна Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.
Советот на Општина Новаци на последната седница за оваа година донесе одлука за реализација на мерките за превентивна дезисекција и системска дератизација, одлука за продолжување на меѓусебната соработка на пожарникарите меѓу општините Новаци и Битола, програма за уредување на градежно земјиште, за култура, за образование, спорт, локален економски развој, план за јавни набавки.