Палестински бунтовници во Газа денеска истрелаа две ракети кон Средоземното Море, предизвикувајќи експлозија во близина на брегот на Тел Авив, потврди израелската армија.
Полицијата соопшти дека во нападот нема жртви, ниту е причинета материјална штета.
Засега ниту една од палестинските милитантни групи не ја презела одговорноста за истрелувањето на ракетите.
Административната граница меѓу Израел и Газа беше главно мирна по 11-дневната војна во мај, но израелската армија во средата објави дека артилериски напади биле насочени кон воени цели на Хамас, како одговор на претходниот инцидент од Газа, при што бил повреден еден Израелец