Папата Франциск денеска го искористи новогодишното обраќање за да повика на прекин на насилството врз жените и рече дека тоа е навреда за Бога.
Папата служеше миса во базиликата Свети Петар на денот кога Римокатоличката црква го слави празникот Света Богородица.
Поглаварот на Римокатоличката црква својата новогодишна проповед ја фокусираше на темите за мајчинството и жената, порачувајќи дека тие се оние кои „ги држат конците на животот”.
Папата ја искористи можноста да упати еден од своите најсилни повици да се стави крај на насилството врз жената.
– Бидејќи мајките даруваат живот, а жените заедно го држат светот, ајде сите да вложиме поголеми напори да го промовираме мајчинството и да ги заштитиме жените. Колку насилство е насочено врз жените! Доволно! Да се повреди жена значи да се навредува Бог, кој од жена го преземал човештвото, истакна папата.
Откако започна пандемијата на Ковид-19 пред речиси две години, папата Франциск неколкупати се изјасни против семејното насилство, кое се зголеми во многу земји поради изолацијата, кога многу жени беа напуштени од насилниците.