Денеска во 01:30 часот било пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Аеродром, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу А.Т.(22), од една страна и А.П.(18) и Ѓ.П.(22), од друга страна, сите од Скопје. Сочинети биле записници за константиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.
Вчера во 18:15 часот Ф.Н.(23) од Скопје пријавил дека околу 17:00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, по претходни недоразбирања, бил физички нападнат од С.Р.. Се работи на расчистување на случајот.
Денеска во 04:15 часот на бензинска пумпа во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода К.С.(29) и Ф.Ј.(29), затоа што околу 04.00 часот на истата локација физички го нападнале Н.Р.(25) од с.Долна Белица, струшко. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Во СВР Скопје вчера во 23:40 часот С.Р.(27) од Скопје пријавил дека околу 20:00 часот во и пред угостителски објект на подрачјето на Центар, тој и неговиот татко Г.Р. биле физички нападнати од неколку лица, кои биле ангажирани како обезбедување во објектот, при што на Г.Р. му бил одземен и часовник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во СВР Скопје денеска во 04:00 часот Н.М.(27) од Р.Австрија пријавил дека во 00:30 во зграда во близина на хотел на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање со две женски лица, едно машко лице физички го нападнало и му одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска во 01:45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во 00:50 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, Ј.П.(18) и нејзината 17-годишна другарка, двете од Скопје, биле физички нападнати од едно женско лице, кое употребило и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска во 04:00 часот во СВР Скопје И.Т.(18) од Скопје пријавила дека околу 01:00 часот во угостителски објект, по претходно недоразбирање, била физички нападната од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.