Јован Величковски, еден од најстарите преживеани борци од НОБ и антифашистичката војна, денеска го прослави својот 100 роденден во кругот на семејството и со роденденска торта.

Величковски рече дека нама посебни роденденски желби, туку е благодарен на неговото семејство кое му организираше прослава на јубилејниот роденден и е многу среќен и радосен што се уште го служи кревкото здравје.

-Младите генерации да бидат сплотени и обединети да одат напред, за прогрес на државата и животот во неа, оти ако ние не бевме сплотени во наше време немаше да ја имаме ни победата ни државата, порача борецот Јован од прославата на својот 100-ти роденден. Пред десетина денови тој доби благодарница од Општинската организација на СЗБ од НОБ и граѓаните подржувачи од Струмица. Признанието му е доделена за неговото учество како командант на Вториот Баталјон на Четвртата МНО Бригада во ослободувањето на Струмица.