По повод Божик, Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“ во Делчево на 5 јануари од 19 часот во киносалата во градот ќе организира празничен концерт на кој ќе настапат учениците од класата на проф. м-р Елена Трајанова.
-Концертот ќе биде организиран согласно протоколите за организација на настани во затворен простор, со 50 отсто исполнетост од капацитетот на салата, истакнаа од установата. Влезниците може да се набават од денеска и во наредните два дена во просториите на Центарот за култура, од 8:30 до 15 часот.