На плоштадот „Цар Самуил“ во Ресен утре од 10 до 17 часот ќе биде поставен „Црвен тепих на хуманоста“. Настанот е дел од Бадниковата поворка, која поради пандемијата втора година по ред не се одржува.
Сите хумани граѓани имаат можност да донираат нерасиплива храна, која ќе им биде поделена на семејствата од социјален ризик за и тие радосно да ги поминат празниците.
Бадниковите поворки се одржуваа во пресрет на големиот христијански празник Божик, кога најмладите одејќи низ градските улици ја пееја песната „Вечниот бог“ и го најавуваа Христовот раѓање.