Одлуката за утврдување на висината на комуналните такси во општина Гевгелија, која беше донесена од претходниот советнички состав како мерка за ублажување на последиците предизвикани од здравствената криза, продолжува да важи уште една година поради се уште актуелната пандемија, но и енергетската криза која може да го наруши работењето на стопанските субјекти.

Од Општината велат дека остануваат на сила намалените цени на комуналните такси за физички лица и правни субјекти кои вршат дејност, според кои таксата за фирмарина за физичките лица наместо две изнесува 1.300 денари, за оние кои данокот го плаќаат паушално наместо 500 за фирмарина ќе плаќаат по 350 денари, а трговските друштва и други правни лица од областа на производството, прометот и услугите наместо по шест ќе продолжат да плаќаат по 4.000 денари.

Иста останува и таксата за користење на просторот пред деловните објекти за вршење дејност која од седум е намалена на пет денари од метар квадратен на дневно ниво.