Во Новата 2022 година првиот жител на општина Гевгелија е машко бебе тешко три килограми и 150 грама, а долго 50 сантиметри што на свет го донесе мајката Пепита Спасова од гевгелиското село Давидово.
Среќната мајка и нејзиното првороденче,денеска ги посети градоначалникот Андон Сарамандов кој на родилката и врачи ваучер во износ од 10.000 денари и бебешки подароци со кои и ја честиташе првата рожба, а на бебето му посака здравје,среќа и безгрижно детство.
Породувањето успешно беше извршено во Одделот за гинекологија и акушерство при Општата болница со проширена дејност во Гевгелија.