Во штипскиот Ковид-центар хоспитализирани се вкупно 13 пациенти.

Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска информира дека осум пациенти се со потешка здравствена состојба, а на кои им треба постојана кислородна поддршка. Во изминатото деноноќие хоспитализиран е еден пациент, а дома си заминале тројца пациенти.

Во овој центар има 48 слободни болнички кревети. Притисокот за хоспитализација во штипскиот Ковид центар е намален веќе извесен период.

Но, инфектолозите апелираат граѓаните да се придржуваат на здравствените мерки.

Во источниот регион има 211 активни случаи со коронавирусот, од кои 98 се во Штип.